На 6 мај 2025 година, кога Црквата го слави споменот на светиот великомаченик Георгиј, во храмот на свети Георгиј во Биљановце – Куманово, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.