На 08.11.2024 година, кога Црквата го празнува споменот на светиот великомаченик Димитриј, во Крива Паланка, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан, во сослужение со надлежниот епархиски архијереј Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, вомировениот Митрополит г. Јосиф и Епископот Стобиски г. Јаков, го изврши чинот на Преосветување на храмот на светиот великомаченик Димитриј, а потоа се отслужи Божествена Литургија.
Радоста на богослужението ја зголеми Хорот под дирегентство на протопсалтот г. Георгиј Секуловски. Верниот народ на Божествената Литургија се причести со светите Христови тајни.