На 22.03.2025 год., на празникот на Светите четириесет маченици во Севастија (Младенци), во храмот на свети Димитриј во Крива Паланка, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света заупокоена Литургија. На Светата Литургија верниот народ се причести со светите Христови Тајни. По Божествената Литургија се отслужи молебен за здравје на сите повредени во несреќата во Кочани.