На 29.08.2023 година, кога Православната Црква го празнува споменот на Свети Јоаким Осоговски, во манастирот каде се наоѓа неговиот свет гроб и којшто е посветен на неговиот спомен, беше отслужена Света архиерејска литургија.
Литургијата беше возглавена од Неговата Светост г.г. Порфириј, богоизбран патријарх на Српската Православна Црква, и Неговото Блаженство г. г. Стефан, богоизбран архиепископ на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.
Ним им сослужуваа нивните високипреосвештенства: г. Јаков, Митрополит на богодаруваната му Доростолскa епархија од сестринската Бугарска Православна Црква, г. Агатангел Митрополит Повардарски, г. Григориј Митрополит Кумановско-осоговски, г. Јосиф поранешен Митрополит Кумановско-осоговски и неговото Преосвештенство г. Нектариј епископ Јегерски, викар на Патријархот српски.
На литургијата служеше и протоереј Нелцо Опрја од Романската Православна Црква.