Свето Богојавление – Водици

"Свето Богојавление – Водици"

На 19.01.2024 година, кога Црквата го слави Крштението Господово – Богојавление, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше света Литургија во митрополитскиот соборен храм на Свети Никола во Куманово. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. После Литургијата беше извршен Голем Богојавленски водосвет.