На 20.10.2024 година, во Седумнаесеттата недела по Педесетница, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше света Литургија во храмот на Вознесение Христово во село Корешница во Демир Капија. Пред Литургијата со Благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј го освети храмот Вознесение Христово во село Корешница во Демир Капија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.