На 15 февруари 2025 година, кога Црквата го прославува Сретението Господово, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, служеше Света Литургија во храмот на свети Јован во с. Режановце во Куманово. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.