На 28.08.2024 година, кога го славиме Успението на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско – осоговски г. Григориј служеше Света Литургија во манастирот на Св. Јоаким Осоговски во Крива Паланка. Пред Литургијата во чтец го произведе Славчо Арсов од Крива Паланка. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По завршувањето на Божествената Литургија, Високопреосвештениот Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј, го освети велелепниот храм посветен на Раѓањето на Пресветата Владичица наша Богородица.