Свети Атанасиј Велики

"Свети Атанасиј Велики"

На 31 јануари 2024 година, кога Црквата го слави споменот на светите Архиепископи Александриски, Атанасиј Велики и Кирил, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Литургија во храмот на свети вмч. Димитриј во Крива Паланка. После Литургија Митрополитот г. Григориј го освети камен темелникот за изградба на параклис за палење на свеќи и сувенирница. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.