На 05.06.2022 година, во Неделата на Светите Отци од Првиот Вселенски Собор, Неговата Светост Архиепископот Пеќки, Митрополит Белградско-карловачки и Патријарх Српски г.г. Порфириј, отслужи Божествена Литургија во сослужение на Неговото Блаженство Митрополитот Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Прва Јустинијана г.г. Стефан и Високопреосвештените митрополити Преспанско-пелагониски г. Петар, Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Повардарски г. Агатангел, Европски г. Пимен, Кумановско-осоговски г. Григориј и Преосвештените епископи Зворничко-тузлански г. Фотије, Крушевски г. Давид, Ремезијански г. Стефан, Топлички и избран Шабачки г. Јеротеј, Хвостански и избран Западноевропски г. Јустин, како и избраниот епископ Јегарски архимандрит Нектариј. На Божествената Литургија молитвено беа присутни и Високопреосвештениот Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Преосвештените епископи Хераклејски г. Климент, Бачки г. Иринеј, Марчански г. Сава и поранешниот Канадски г. Григориј.
На Божествената Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
На крајот на Божествената Литургија Неговата Светост Архиепископот Пеќки, Митрополит Белградско-карловачки и Патријарх Српски г.г. Порфириј на Неговото Блаженство Митрополитот Скопски Архиепископ Охридски и Македонски и на Прва Јустинијана г.г. Стефан му врачи Томос со кој се потврдува автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.