Осветување на новоизградениот храм на Св. Лидија Македонка и Света Литургија, во Св.Николе

"Осветување на новоизградениот храм на Св. Лидија Македонка и Света Литургија, во Св.Николе"

На 09.10.2021 год., спомен на Упокојувањето на св. апостол и евангелист Јован Богослов, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј учествуваше во осветувањето на новоизградениот храм на Св. Лидија Македонка, во Св.Николе, и на архијерејската Литургија сослужуваше со Митрополитот Брегалнички г.Иларион, Митрополитот Европски г.Пимен, Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф, Митрополитот г.Јосиф, Епископот Стобиски г.Јаков. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.