Литургија на претходноосветени дарови во Куманово

"Литургија на претходноосветени дарови во Куманово"

Во средата од втората седмица од Великиот Пост (8 март 2023 г.), во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Литургија на претходноосветените дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.