Свети Три светители

"Свети Три светители"

На 12.02.2024 година, на празникот на Светите вселенски учители и светители Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Литургија во храмот на света Троица во Куманово. На Светата Литургија протоѓаконот Кире Горгиев беше ракоположен во свештенички чин. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.