Водокрст, свети маченици Теопемпт и Теона

"Водокрст, свети маченици Теопемпт и Теона"

На 18.01.2024 година, во навечерието на Богојавление, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше света Василиева Литургија во храмот на свети Мина во Куманово. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. После Литургијата беше извршен Голем Богојавленски водосвет.