На 29 октомври 2023 година, 21 недела по Педесетница, кога се празнува споменот на св. Лонгин Стотник, во храмот Св. Троица во Куманово беше отслужена Света архијерејска литургија.
Литургијата беше возглавена од епископот Делчевско-Каменички г. Марко во сослужение на надлежниот архипастир митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј. На архијереите им сослужуваа свештенослужители од Македонската православна црква – Охридска архиепископија и протосингелот Фотиј.
На литургијата боговдахновена беседа произнесе преосветениот епископ г. Марко. Епископот му се заблагодари на надлежниот митрополит за поканата за заедничка служба. На литургијата мноштво народ се причести со Светите Христови Тајни.