„Темелот на сите добра е постот. Со него се скротуваат дивите страсти и од него отстапуваат нечистите помисли. Сеќавањето на смртта, солзите, целомудрието, исчезнувањето на нечистите помисли, сето тоа е плод на постот. Со постот се отсекуваат негрижата и невнимателноста, кои се погубни пороци за душата. Постот го искоренува секое срамно мечтаење и во човекот создава страв Божји и желба за вечен живот. Во душите на оние кои постат како што заповеда светата Црква, почива Господ. Оние кои постат имаат надеж дека ќе го наследат Царството Небесно.“
Претходно: Поука од св. Климент Охридски