Патријарх Кирил: „Бев поразен кога чув дека на денот на авионската несреќа се празнува Ноќта на вештерките“

"Патријарх Кирил: „Бев поразен кога чув дека на денот на авионската несреќа се празнува Ноќта на вештерките“"

Неговата Светост, Патријархот московски и на цела Русија Кирил, упати критика кон оние кои ја празнувале Ноќта на вештерките на денот кога се случила авионската несреќа над Синајскиот Полуостров при која настрадале над двесте луѓе.

– За пофалба е тоа што, со указ од Претседателот, денешниот ден е прогласен за ден на жалост. Но, бев поразен кога чув дека минатата ноќ, до раните утрински часови, во некои ноќни клубови и други места за забава, била прославувана Ноќта на вештерките, празник кој не е наш и е тешко сфатив – укажал Патријархот в недела, на 1 ноември, по отслужената Божествена Литургија во Москва.

– Да се помолиме Господ да не ги казни овие луѓе, но и љубовта и сочувствителноста да ги исполнат срцата на нашиот сограѓани, така што никаква желба за заработка да не им даде слобода од моралните норми, та да преминат преку линијата што не се преминува – дополнил тој.

Претстојателот на Руската Црква го повикал народот на молитва „за од нашите животи да се искорени секаква нечистотија, губење на човечките чувства и системот на морални координати, та доколку луѓето не се во состојба сами да се воздржат, нашето општество и држава да бидат доволно силни и постојани за да спречат слични појави. Ова е неопходно за сите нас, за моралното здравје на нашиот народ“.

Според зборовите на експертите, падот на рускиот авион во Египет е најголемата авионска несреќа во руската историја, истакнал рускиот првојерарх.

– Двесте дваесет и четири луѓе, претежно млади и здрави, меѓу кои и деца, радосно се враќале од одмор, најверојатно разговарајќи и разменувајќи си впечатоци. Сето тоа било трагично прекинато. Во тој авион можеле да бидат и многумина од нас. Оваа трагедија никого не може да го остави рамнодушен, и затоа во храмовите на Руската Црква се произнесуваат молитви за упокојување на постраданите, но и за оние кои се најпогодени до оваа несреќа – нивните роднини.

– Вчера, на телевизија, ги видовме нивните лица, и особено е важно да сочувствуваме со овие луѓе денес. Не знаејќи ги нивните имиња, молете помош од Господа, зашто само Тој, началникот на животот и смртта, може да им ја даде оваа помош, а со неа и надеж за иднината – заклучил Претстојателот на Руската Црква.

Извор: Интерфакс