Московските свештеници Олег Орлов и Александар Солдатенков, кои го придружуваат конвојот со хуманитарна помош за Украина ги благословиле првите 16 камиони, јавува Интерфакс. На првиот автомобил од комвојот била поставена икона на Света Троица, а во последниот камион била положена икона на Пресвета Богородица. Отец Александар накратко изјавил: „Не се штедевме, и бевме во конвојот до самиот приемен пункт“.
Извор: Правмир