Последни подготовки пред средбата на поглаварите во Истанбул

"Последни подготовки пред средбата на поглаварите во Истанбул"

Според извештаите од Цариградската патријаршија, во тек се последните подготовки пред средбата на поглаварите на помесните православни цркви во Истанбул планирана за следниот месец. Имено, средбата е замислена да биде потврда на единството меѓу помесните православни цркви, но и можност за разгледување на важни прашања од животот на Црквата. Главната тема, како што и претходно беше најавувано, ќе биде организацијата и свикувањето на Сеправославен собор.

Состанокот е планиран да се одржи од 5 до 9 март 2014 година, и истиот ќе заврши со Божествена Литургија на која ќе сослужуваат сите присутни поглавари во Неделата на Православието (9 март), ден кој поради неговата возвишена историска симболика е погоден за објавување на донесените одлуки.

Извор: theorthodoxchurch.info