Голем број Филипинци пристапуваат кон Православната Црква

"Голем број Филипинци пристапуваат кон Православната Црква"

Филипинската Православна Црква на Московската Патријаршија деновиве преку средствата за информирање извести за покрстувањето на 200 поранешни Аглипајани (верници на Филипинската независна католичка црква). Новопокрстените Филипинци биле покрстени на неколку заеднички крштевки во различни градови, и тоа: на 18 април биле покрстени 17 огласени во Давао дел Сур, со што бројот на локално православно население достигнал 23; на 19 април биле покрстени 140 катихумени, односно целата парохија (претходно наречена „Нашата Владичица Патеводителка“, а после покрстувањето – „Покров на Пресвета Богородица“) примила Православие, и за нејзин привремен парох е поствавен о. Силуан од Руската Задгранична Црква, и на 24 април биле покрстени 43 катихумени од поранешната парохија „Свети Исидор од Лабрадор“, која сега се нарекува „Св. Исидор Чудотворец Ростовски“.

Заедничките крштевки биле отслужени од водачот на мисијата на РПЦ на Филипините, презвитер Кирил, во сослужение со отец Силуан.

Истовремено, од мисијата на Филипините појаснуваат дека постојат и други парохии кои моментално минуваат низ фазата на огласување. Откако ќе се создадат услови, и тие ќе бидат примени во лоното на Православната Црква.

Извор: Филипинска Православна Црква – МП