Крсна литија по повод 700-годишнината од службата на св. Петар Московски

"Крсна литија по повод 700-годишнината од службата на св. Петар Московски"

На 6 септември 2015 г., по отслужената Божествена Литургија во Патријаршиската катедрала „Успение на Пресвета Богородица“ во московски Кремлин, Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија г.г. Кирил, ја предводел крсната литија од Кремлин до Високопетровскиот ставропигијален манастир. Торжеството било посветено на одбележување на 700-годишнината од почетокот на службата на св. Петар Московски и основањето на Високопетровскиот манастир.

Во литијата молитвено учествуво зеле над 10.000 луѓе, а истата ја следела историската маршутата на св. Петар.

Пред манастирскиот влез Патријархот отслужил и молебен, по што се обратил пред насобраното духовништво и народ со пастирска беседа, а била прочитана и поздравната порака од Претседателот на Руската Федерација, г. Владимир Путин.

Извор: Московска Патријаршија