Атинскиот Архиепископ Јероним во вонредна посета на Кефалонија

"Атинскиот Архиепископ Јероним во вонредна посета на Кефалонија"

Атинскиот Архиепископ, г.г. Јероним ќе допатува денес во Кефалонија во вонредна посета, за и самиот да се запознае со штетата, но и да оствари средба со Митрополитот на Кефалонија и помесното население. Се очекува после посетата, Архиепископот да предложи план за помош за постраданото население.

Земјотрес со јачина од 5,7 степени по Рихтер е регистриран изутринава во Јонското Море со епицентар на 12 километри северозападно од грчкиот остров Кефалонија соопшти атинскиот геофизички институт. Според последиците, земјотресот наликува на големите земјотреси од минатото.

Голем број домови се разурнати, вклучувајќи го и кејот на пристанишното гратче Луксури, а има и полесно повредени, јавија грчките медиуми. Грчките сеизмолози не ја исклучуваат можноста од нов посилен земјотрес. Земјотресот е од ист вид како и претходниот, смета сеизмологот Константинос Макропулос. Според него се очекува секундарна сеизмичка активност од истиот регион.

Архиепископот г.г. Јероним, кој ја изразил својата желба да го посети островот и неговите жители, ќе биде пренесен со воен авион до погодениот остров.

Извор: dogma.gr