Света Литургија и Вечерна богослужба на празникот на Слегувањето на Светиот Дух – Педесетница

"Света Литургија и Вечерна богослужба на празникот на Слегувањето на Светиот Дух – Педесетница"

На 20.06.2021 год., празник на Слегувањето на Светиот Дух – Педесетница, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј во митрополитскиот соборен храм Св. Никола, во Куманово, служеше Света Литургија и Вечерна богослужба со коленопреклони молитви.  На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.