Епископ Банченски г. Лонгин: „САД сакаат православните народи меѓусебно да се убиваат“

"Епископ Банченски г. Лонгин: „САД сакаат православните народи меѓусебно да се убиваат“"

Киевските власти се подготвуваат кривично да го гонат епископот Лонгин (викарен епископ на Буковинската епархија на Московската Патријаршија) поради неговиот апел до младината да не оди во братоубиствена војна на истокот од Украина. Според директорот на Секретаријатот за религии и националности од украинското Министерство за култура, г. Андреј Јураш, подрачното Министерство се обратило до Министерството за внатрешни работи и Службата за безбедност поради повикот на владиката на „игнорирање на мобилизацијата во Украина“. Овие чекори Министерството ги презело по овјавувањето на проповедта на владиката Лонгин во списанието на романски јазик „Libertatea Cuvantului“. Во неа, Преосветениот напишал:

– Ве повикувам да бидете единствени и да не ги испраќате своите деца во смрт. Нашата православна вера не ни дозволува да се убиваме едни со други. Тие сакаат да умираат наши луѓе, кои живеат во мир и со Бога, поради нивните политички интереси, порати интересите на оние кои ги штитат нивните бизниси и функции.

Драги мои, не ви е дозволено да пукате и да убивате. Бог го дава животот, Тој и го одзема. Украинските лидери изјавија дека „православната вера е најголемиот непријател на Украина“. Така им наредиле странците, на кои вистината им е неподнослива, затоа што се слепи.

Како можете да земете оружје в раце и да пукате во Божјото создание? И војникот спроти тебе има мајка, жена, деца, како и ти. Зошто на сила нè принудуваат да убиваме? Тајното ќе стане јавно: погинаа илјадници и десетици илјади, а тие говорат само за неколку стотици жртви. Јас нема да ве благословам да одите во војна. Ние ве повикуваме на мир. Убиени се околу 10 илјади војници, дури и нивните мајки не знаат дека синовите им се убиени. Не се занимавам со политика, туку со болка ви велам дека ова не е војна против непријателот, туку војна помеѓу нас.

Кога САД ги штитат проклетниците, тие гледаат како православните се убиваат меѓу себе, а тие, проклети, за тоа време јадат, пијат, се веселат и радуваат дека на оваа света земја се пролева крв. Тие во целост ќе платат за оваа крв – продолжил владиката – крвта со која ги извалкаа своите раце и облека. Сето ова е дело на проклетата Европа, за која светите отци велеа: „Не поклонувајте им се на ѕверовите“, и на Американците кои насекаде, каде и да се замешаат, сеат непријателство и крвопролевање. А сега, тие се тргнале на страна и се насладуваат гледајќи као се пролева крвта на нашите христијани.

Браќа, сите ние чувствуваме дека сме на прагот на Третата светска војна. Ете зошто и ви повикувам: „Покајте се!“ Им се заблагодарувам на сите села во Буковина, на сите нејзини жители. Сите се повикани да речат: „Не ги даваме нашите деца во смрт!“

На крајот од оваа проповед, г. Лонгин актуелните украински власти ги нарекува сатанисти и слуги на лукавиот, заканувајќи се дека доколку не престанат со ваквите дела, Бог ќе ги сопре. Инаку, епископот Лонгин на македонската јавност ѝ е познат од филмот „Тврдина“ („Форпост“) во кој беше документирана неговата активност во манастирското сиропиталиште на западот од Украина.

Извор: Православная Жизнь