Во Казахстан поставен споменик на преподобномаченичката Елисавета Фјодоровна

"Во Казахстан поставен споменик на преподобномаченичката Елисавета Фјодоровна"

На 3 ноември годинава во Алма-Атинската епархија во Казахстан беше откриен споменик на преподобномаченичката и велика кнегиња Елисавета Фјодоровна Романова, во знак на одбележување на 150-годишнината од нејзиното раѓање. Според страницата „Православие во Казахстан“, споменикот е поставен на платото пред црквата посветена на Светото царско-маченичко семејство Романови во селото Кључи во Талгар.

Споменикот е видоизменета копија на споменикот на великата кнегиња во Марто-Марииниот женски манастир во Москва. Излеан е во бронза во Казахстан, а неговата изработка траела 2 години. Црквата, пак, на преподобномаченичката е помала верзија на црквата „Покров на Пресвета Богородица“ во Ореанда, Крим, која е поврзана со несреќите на династијата Романови. Во таа црква служел и праведниот Јован Кронштадтски.

Извор: Правмир