Точниот датум на одржување на Сеправославниот собор, планиран да се одржи во 2016г., ќе биде познат откако ќе заврши подготовката на неопходните документи, изјавил пред новинарите Претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на РПЦ-МП, Високопреосветениот волокалмски Митрополит Иларион.
Сеправославниот собор, кој се планира повеќе од 50 години, според решението на претставниците на сите помесни Православни Цркви од средбата одржана од 6 до 9 март 2014 г., треба да се одржи во Истанбул.
– Не е сосем точно дека Сеправославниот собор ќе се одржи во 2016 година. За таа намера – да се одржи во 2016г. – ние слушнавме од Константинополскиот Патријарх. Но, сѐ уште нема официјално решение. Датумот на одржување ќе се востанови зависно од степено на подготовка на неопходните документи – изјавил Митрополитот Иларион.
Претседателот на ОНЦВ не го исклучил присуството на Рускиот Патријарх на подготвителната средба меѓу поглаварите на сите Православни Цркви. „Свјатејшиот Патријарх ќе присуствува на подготвителното собрание, доколку тоа се случи. Се претпоставува до таква средба да дојде во јануари следната година“, соопштил тој.
Извор: РИА Новости