Света Литургија во Осма Недела по Педесетницa

"Света Литургија во Осма Недела по Педесетницa"

На 15.08.2021 год., Осма Недела по Педесетницa (Пренос на моштите на Св. Климент Охридски; Откривање и пренос на моштите на Св. првомаченик и архиѓакон Стефан; Св. свештеномаченик Стефан, папа Римски и другите со него; Св. блажен Василиј, јуродив Московски), Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Света Литургија во храмот „Свети великомаченик Димитриј,“ во Крива Паланка. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.