Осветување на храм посветен на Света Троица, во с. Вељановец и Света Литургија во Неделата на мироносиците

"Осветување на храм посветен на Света Троица, во с. Вељановец и Света Литургија во Неделата на мироносиците"

На 16.05.2021 год., Недела на мироносиците, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј изврши осветување на храмот посветен на Света Троица, во с. Вељановец (кратовско) и служеше Света Литургија. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.