Осветување на храмот Св. Јован Крстител во Општина Аеродром

"Осветување на храмот Св. Јован Крстител во Општина Аеродром"

Денес, 14/01 јуни 2014 Лето Господово, на празникот посветен на Оддан. на Педесетница и св. Јустин Философ се изврши осветување на храмот посветен на св. Јован Крстител во Општината Аеродром – Скопје. Чинот на осветување го изврши Поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со Митрополитите Преспанско – пелагониски г. Петар, Брегалнички г. Иларион, Тетовско – гостиварски г. Јосиф, Кумановско – осоговски г. Јосиф, и свештенослужители од Скопската православна епархија. Ктитор за изградбата на храмот е благочестивиот господин Ванчо Чифлиганец со семејството. По отслужената Архиерејска Литургија, со одлука на САС на МПЦ – ОА, на ктиторот му беше врачен Светиклиментов оред од I ред.

Извор: http://spe.org.mk