Литургија на претходноосветени дарови во вторник од Страдалната седмица

"Литургија на претходноосветени дарови во вторник од Страдалната седмица"

На 27.04.2021 год., вторник од Страдалната седмица на Великиот пост, Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј, во митрополитскиот соборен храм Св. Никола, во Куманово, служеше Литургија на претходноосветени дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.