Литургија на претходноосветени дарови во Велика Среда

"Литургија на претходноосветени дарови во Велика Среда"

На 28.04.2021 год., Велика Среда од Страдалната седмица на Великиот пост, Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј, во митрополитскиот соборен храм Св. Никола, во Куманово, служеше Литургија на претходноосветени дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.