Промоција на документарниот филм Чародејание

"Промоција на документарниот филм Чародејание"

На 12.07.2021 год., во дворот на митрополитскиот соборен храм Св.Никола се одржа промоција на филмот на Кумановско-осоговска епархија: Чародејание. Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Григориј говореше за темата што ја разработува филмот: лажното исцелителство и штетните последици од него,  како и за улогата на црковниот народ  во борбата против псевдодуховните појави.

Критички осврт за филмот изложи г-дин Ивица Димитриевиќ, актер и режисер во Македонскиот народен театар, композитор на музиката во филмот. Авторите на филмот Чародејание: свештеник Антониј Стојковски и г-дин Мирослав Мирослав Петковски – историчар на уметност со археологија, раскажаа за почетната идеја и за реализацијата на нивното филмско дело.