Проповед на Патријархот Московски и на цела Русија во Неделата на блудниот син

"Проповед на Патријархот Московски и на цела Русија во Неделата на блудниот син"

Ваши Високопреосвештенства и Преосвештенства! Сечесни отци, браќа и сестри!

Сите ве поздравувам со овој воскресен ден – ден кој открива уште една подготвителна седмица кон великото поле на светата Четириесетница. Оваа недела Црквата ја нарекува Недела на блудниот син зашто, како што знаете, токму денес се чита параболата од Евангелието според Лука за враќањето на блудниот син во домот на татко му (Лука 15, 11-31).

Зборот „блуд“, со кој се именува гревот на плотската нечистотија, гревот кој го разрушува целомудрието на човекот, во словенскиот јазик означува „заблуда“; од овде доаѓа и „да се блуди“, т.е. да се плута, заблудува. „Блуд“ и „заблуда“ – тоа е збор со еден корен. Како резултат на заблудата, губењето на животните ориентири, разрушувањето на системот на моралните вредности, човекот почнува невнимателно да се однесува кон своето тело и, стапувајќи во нечисти односи со друг, на своето тело му нанесува мистична штета.

Во денешното, отстрането од верата во Бога, општествено сознание се утврдило мислењето дека тој грев не нанесува никаква штета на човекочкото тело – со неколку исклучоци, за кои сите знаат. Тоа не е вистина. На човечкото тело не му нанесува штета само физичката болест – допирањето на темните сили до него му нанесува штета на човечкото тело. А имено преку блудот темната и лошата сила се допира до човекот, зашто човечкото тело е повикано да биде храм, пребивалиште на Светиот Дух (види 1 Кор. 6, 19). И колку зачудувачки точно и силно е кажано за сето тоа во посланието на апостолот Павле до Коринтјаните кое ние денес чувме! Човекот се повредува себе си со блудната страст и, на крајот од краиштата, станува неспособен да влезе во Божјото Царство, за што и зборува апостолот: „блудниците… нема да го наследат Царството Небесно“ (1 Кор. 6, 9-10).

Тогаш што, во светлината на тие грозни зборови, означува зачудувачката парабола за блудниот син кој, добивајќи го наследството од татко му, заминал во далечна земја и таму сè што му останало потрошил со блудници? И зошто татко му не го избркал, кога тој, веќе умирајќи од глад, решил да се врати во татковиот дом? Тоа е толку природно, по човечки многу разбирливо: го предал татко му, го предал семејството, ги предал роднините и блиските, ги зел парите, заминал, потрошил сé во блуд – можеби треба сурово да се казни или воопшто таквиот човек да се избрка од општење? А таткото го прима блудниот син, го облекува во најубава облека и на неговиот прст става прстен, и разбиените во крв боси нозе ги измива со вода и го облекува во обувки, коле угоено теле, за и другите да ја споделат радоста за враќањето на блудниот син… Многу е очевидно дека таткото кој го примил блудниот син, – тоа е Самиот Бог.

Денес во нашиот „прељубодеен и грешен род“ гревот на блудот е толку распространет, што го поразува скоро секој човек, и кај многумина може да возникне очај, зашто „блудниците… нема да го наследат Царството Божјо“ (1 Кор. 6, 9-10). Но денешната парабола ни помага да ги разбереме тие зборови на апостолот Павле. Нема грев, освен хулата на Светиот Дух, кој Бог не би го простил (види Матеј 12, 31) ако човекот искрено се кае во тој грев. А што значи раскајување? Раскајување значи осознавање на својата неправда, на својата заблуда. И ако човекот разбира дека прави грев, дека тоа навистина ја разрушува неговата душа, дека тоа ги затвора пред него вратите на Небесното Царство, ако тој приоѓа кон Бога и, како блудниот син, со солзи проси да го отвори за него родителскиот дом, – тогаш Господ му простува на грешникот.

Но, за жал, апсолутното мнозинство на луѓе денес на секој начин се труди да го оправда тој грев, да го претстави како да не е сосема грев, туку еден од моделите на поведението на современиот човек; а обезбожената масовна псевдокултура го поддржува тој страшен мит и го распространува, труејќи го сознанието, пред сè, на младите луѓе. Ние знаеме дека денес многумина креваат хула и на Црквата само затоа што таа не престанува гревот да го нарекува грев, поднесувајќи напади и во нашево, би се рекло, слободно и успешно време.

Многу е важно човекот кој поминал по патот на гревот, да се покаже способен да принесе покајание. Прв чекор на тој пат е откажувањето од секакво оправдување на самиот себе. Иако, можеби, надворешните ситуации и внатрешните чувства го предрасположуваат човекот за правење на грев, тој не треба да го оправдува ни гревот ни ситуациите. Дури и да не може да раскине со тој грев, ако не може круто да го измени својот живот, тој треба да помни дека гревот е грев. Гревот разрушува, мистично ги разрушува душата и телото на човекот.

Ние си спомнуваме за параболата за блудниот син во предвечерието на Великиот пост – особеното време во животот на секој човек. Постот ни се дава за ние да размислиме за сè, да се помолиме, да го оцениме нашиот живот, своите постапки, своите мисли, да ги ставиме под неспристрасен суд – на внатрешниот суд од гласот на нашата совест, и да се помолиме на Господа за простување на своите гревови и за избавување од гревовното ропство. И нека параболата за блудниот син за секој од нас постане голем извор на надеж во тоа дека Бог ќе ни прости, ќе нè исцели од гревовите – од сегашните, и прошлите, ќе ни помогне да најдеме мир и радост во општењето со Него во домот на Отецот. Амин.