Прославена Неделата на Православието во Атина

"Прославена Неделата на Православието во Атина"

Со свечена Архиерејска Литургија со која началствуваше Неговото Блаженство, Архиепископ Атински г.г. Јероним, во сослужение со членовите на Светиот Архиерејски Синод на Атинската Архиепископија, вчера беше прославена Неделата на Православието во Атина. Во црквата на заштитникот на Атина, свшмч. Дионисиј Ареопагит, покрај многубројниот народ и свештенство од Грција и светот, беа присутни и претставници од власта и армијата, освен новоизбраниот претседател на Грција. Инаку, овој празник е и државен празник во Грција.

Гуменџескиот Митрополит г. Димитриј се обрати пред присутните говорејќи за повеќезначната важност на иконите за Православната Црква. Говорејќи во евроскептички и антиглобалистички тон, тој ја посочи културата на филокалијата, родена и негувана од Ромеите, како можен придонес што Грција може да го даде на Западна Европа.

На крајот од Литургијата се одржа и литија со икони, во спомен на нивното воспоставување во Константинопол (денешен Истамбул) во 843 г. по Хр.

Извор: Orthodoxia.info