Рождеството Христово прославено и во соседна Албанија

"Рождеството Христово прославено и во соседна Албанија"

Радосна атмосфера се чувствува деновиве во соседна Албанија, кадешто верниот народ на Албанската православна црква литургиски го прослави Рождеството Христово според григоријанскиот календар. На Божествената Литургија во Ѓирокастро Свето Крштение примија неколку огласени, кои според древното предание на Црквата претходните седмици се подготвуваа за просветување.

Во божикното послание на митрополитот на Берат, г. Игнатиј, меѓу другото се вели: „Пред создавањето на човекот, Бог го создаде Рајот во Едем, на Исток, и таму го постави човекот кого го создаде. А во таа прекрасна градина, засадена од Бога, според благословот Божји тревата даде семе според својот род и вид, а и дрвото плодородно раѓаше плод… А, кога Христос дојде на земјата? О, тогаш! Наместо Едем – Витлеем! Наместо топлината Рајска – влажната и ладна пештера! Наместо рајскиот вкус – мирисот на штала! Наместо заслепувачката светлина на дните во Рајот – вел од ноќен мрак! А Насадителот на Рајот, Кога дојде на земјата, беше примен во бедните јасли на бесловесните животни!“

berati 1

berati 3

berati 4

berati 6

berati 7

gjirokastro

Извор: http://www.orthodoxalbania.org/