(Македонски) Света Литургија на празникот Собор на Пресвета Богородица

"(Македонски) Света Литургија на празникот Собор на Пресвета Богородица"

На 08.01.2021 година, во храмот Свети великомаченик Димитриј, во Крива Паланка., Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Литургија на празникот Соборот на Пресвета Богородица. Истиот ден се празнува и споменот на преподобен отец наш Никодим Прилепски. На Литургијата, за време на Малиот вход, беше ракопроизведен во ипоѓакон Бранко Ѓоргиевски, кој долги години е псалт во храмот на Свети вмч. Димитриј, во Крива Паланка. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.