Денес, на празникот на Соборот на сите македонски Светители, во манастирот на Пресвета Богородица – Пречиста во Кичево се одржа Семакедонски црковно-народен собор. Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан чиноначалствуваше на Божествената Литургија во сослужение со надлежниот Митрополит Дебарско-кичевски и плаошко-струшки г. Тимотеј, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, и повеќе свештенослужители од нивните епархии. Традиционално, на Литургија присуствуваа верници од цела Македонија и дијаспората.
Извор: Струмичка епархија