Служба на светите и спасителни страданија

"Служба на светите и спасителни страданија"

На 29.04.2021 год. во навечерието на Велики петок, во митрополитскиот соборен храм на Свети Никола, во Куманово, Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Утрена богослужба за Велики петок, на која се читаат Дванаесетте свети и страдални Евангелија. За време на службата беше изнесен и Чесниот Крст на Распетието Христово пред кој се поклони чесното свештенство и верниот народ.