Света Литургија на празникот на св. Јоаким Осоговски – манастирска слава на Осоговскиот манастир

"Света Литургија на празникот на св. Јоаким Осоговски – манастирска слава на Осоговскиот манастир"

На 29.08.2020 год., празник на свети Јоаким Осоговски, преподобен Јосиф Спилеот, св. маченик Диомид, спомен на Пренесувањето на неракотворниот образ (убрус) на Господ Исус Христос, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј во сослужение со митрополитот Брегалнички г.Иларион, кој чиноначалствуваше, и со митрополитот г.Јосиф, служеше Света Литургија во манастирот на свети Јоаким Осоговски, во Крива Паланка. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.