Света Литургија на Велики Четврток

"Света Литургија на Велики Четврток"

На 29.04.2021 год, Велики четврток, во митрополитскиот соборен храм на Свети Никола, во Куманово, Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Света Василиева Литургија, а потоа ја изврши и Светата Тајна Елеосвештение. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.