Секој збор кој излегувал од Христовата богомудра уста е животочен извор кој ги напојува нашите жедни усни со жива вода, од која никогаш не се жеднее. Секоја поука е наш животен патоказ, кој ако достоинстве но се следи, сигурно ќе нè одведе во рајските населби и во вечниот живот.
„Светило за телото е окото“ – нè поучува Господ од гората – „ако твоето око биде чисто и целото твое тело ќе биде светло; ако, пак, твоето око биде лошо, целото тело ќе ти биде темно“.
Разумот е окото на човечката душа. Според силата на својата боголикост и богосоздаденост, разумот се стреми кон небесното, кон Бога. Познато ни е на сите нам дека по паѓањето во грев човечкиот разум повеќе не може да биде светло око на душата. Ако разумот ја загуби својата светлина, тој веќе е заграден со ѕид од страсти и пороци, кои му пречат да се издигне нагоре. Тогаш, можеме да замислиме колку е тешка состојбата на душата, која е лишена од Божјата благодат, и колку е тешка состојбата и на телото, кое останува неозарено од светлината на разумот!
„Ако светлината, што е во тебе, е темнина, тогаш каква ли ќе е темнината? “. Ако светилникот на душата – умот потемни, тогаш каква ли ќе биде темнината која ќе ги опфати и душата и телото на човекот? Впрочем, ние кои сме задлабочени во гревот, тоа многу добро го знаеме. Со нашиот помра чен разум ние можеме да гледаме само во темнина. Ние толку многу сме го изостриле видот во темнина, така што најдобро можеме да гледаме во темнината на душата и во темнината на телото. Затоа и не можеме да го насочиме разумот нагоре, кон Господа, поради мракот кој го труе. А да гледаш, тоа значи да даваш оценки, да можеш да ги проценуваш своите дела, дали се добри или зли, и да даваш реално и точно мислење за секој наш ближен, кој е околу нас.
Прекрасен пример за можноста на разумот да умее да ги гледа и созерцава настаните околу себе имаме во житието на ава Доротеј, кој во своите творби ни посочува еден пример. Во една доцна ноќ стоел на улицата човек. Покрај него поминал минувач и во себе си рекол: „Еве, овој стои овде за да ограби некого!“. По неколку минути врвел друг минувач, па и тој во себе дал суд за човекот кој стоел: „Овој сигурно го чека својот пријател, за да одат заедно некаде да се помолат“. Ете, поучувајќи се од овој пример, можеме да ја сфатиме улогата на помрачениот, но и на очистениот разум и како размислува едниот, а како другиот.
Светлиот разум гледа сè убаво и добро, зашто Го гледа Бога. Тоа светло гледање на настаните не претставува никаква наивност и не претставува затво рање на очите пред злото. Тоа светло гледање е надминување на мракот. Само за миг да го впериме погледот на еден детаљ од православната иконографија, на иконата која го опишува отсекувањето на главата на свети Јован Крстител. Светителот е насликан како е затворен и молитвено го очекува ударот на мечот. Над него веќе се наоѓа џелатот, кој силно замавнува со раката. Но, дали некогаш сме погледнале во неговото лице? Иконописецот го насликал лицето на џелатот речиси како лице на светител, зашто тој ни ги предава нештата во сосема поинаква насока. Ако нам ни се дадеше можност да ја насликаме оваа икона, ние ќе ја насликавме од точка на гледање на нашиот помрачен, земен ум. Но, прекрасниот иконописец ова го насликал од гледање на небото, од точка на гледање на светозарно преобразениот од благодатта ум, кој не ја гледа страста и омразата кај џелатот, туку минува низ нив и не се запира кај нив, туку продолжува и проникнува уште подлабоко, зашто ја чувствува во длабочината на џелатовата душа грижата на совеста и надежта дека и тој некогаш за своето дело ќе се покае. Затоа иконописецот го насликал џелатот со такво озарено лице, зашто имал озарен разум, кој умеел реално да даде оценка за настаните кои се случувале.
Еве уште еден пример. Се сеќаваме на животот и мачеништвото на свети Игнатиј Богоносец. Ако ја погледнеме и оваа икона, која го опишува овој настан, да обрнеме внимание на ликовите на лавовите, кои го раскинуваат прекрасниот светител. Тие го раскинуваат светителот, но ликот некако им е потполно незлобив. Навистина, светлиот ум, богоозарениот ум, Христовиот ум го гледа доброто дури и во лошиот, зашто тој ум и разум секогаш Го созерцава и Го гледа Бога. Во контекст на ова, многу поубаво ќе ги разбереме и советите на свети Јован Златоуст, кој во своите беседи ги толкувал и овие евангелски зборови. Кога нè навредуваат, вели тој, ние треба да тагуваме и да плачеме за оној, кој нè навредува, зашто тој Го прогонува Господа. Не треба да се гневиме на него, не треба на него да гледаме преку помрачениот и потемнет разум, туку да го погледнеме со чисто и светло око и да го сожалуваме.
Но, иконописците успеале да ја доловат и состојбата на оние кои мислат со својот помрачен разум. Ако го погледнеме изобразувањето на иконата, која го претставува Првиот вселенски собор во Никеја, и ако ги погледнеме ликовите на еретиците, кои обично се насликуваат на долната десна страна на иконата, веднаш ќе забележиме колку се тие мрачни и одбивни, зашто ним светило на телото нe им е окото, туку гревот кој ги помрачил и ги направил духовно слепи.
Господ Исус Христос уште и нè поучува дека треба да бидеме како птиците небески. Нè советува дека треба да го впериме погледот на умот целосно кон Господа и да не мислиме за тоа што ќе јадеме, што ќе пиеме, или во што ќе се облечеме. Птиците „ни сеат, ни жнеат, ниту во амбар собираат“, а Господ ги храни! Но, да не заборавиме. Птиците не се мрзливи. Тие не се нетрудољубиви. Тие постојано летаат, прават гнезда, собира ат храна и никогаш не паѓаат во мрзливост. Освен тоа, птиците никогаш не се заробени од мислата „што ќе јадеме или што ќе пиеме утре“. Такви треба да бидеме и ние. Да го насочиме погледот горе кон небото, кон Господа, без разлика колку многу грижите и проблемите од овој свет нè влечат надолу.
Можеби, од една страна, ќе помислиме колку е лесно да се живее според овие совети, но кога ќе го направиме првиот чекор за отпочнување на нов жи вот, подобно на птиците небески, веднаш ќе ги почувствуваме тешкотиите и ќе си речеме: „Па ова е невозможно!“ А сето тоа ни се случува зашто сè уште не сме го смениле целосно својот однос кон животот и затоа што сè уште не сме прес та нале да живееме според стихиите од овој свет. Затоа веднаш доаѓаат иску шенијата, а според нашата маловерност, ретко кој може да им се спротивстави.
За отпочнување на вистински православен живот треба да поседуваме љубов која ќе биде насочена единствено кон Бога и кон ближните. Тоа значи дека не треба да постои ништо друго, кое би се нарекло поинаку, освен – љубов. Си те наши мисли, сите наши сили, сето наше срце не треба да ни припаѓа нам, туку на Бога и на ближните. Сè што имаме ние, сето она на што се радуваме, па дури и нашите грижи и проблеми, треба да ги предадеме на Бога и да ги поделиме со ближните. Само ако почнеме да го сфаќаме животот на ваков начин, но и да почнеме да го живееме животот како што нè поучува Спасите лот, само тогаш ќе можеме достоинствено да застанеме пред судот на Божјото Царство.
Премногу едноставни се Христовите зборови: „Не грижете се, зашто за вас се грижи Отецот Небесен“. Наша наједноставна задача е да се грижиме само за добивање на Царството небесно, за средба со нашиот жив Бог, Кој беше распнат на Голгота и Кој воскресна од мртвите. И таму, во тоа вечно Царство, апсолутно нема повеќе да имаме грижи за ништо, зашто ќе Го имаме Господа Кој сè ни дава, а за друго нешто и нема да имаме потреби.
Протопрезвитер Златко Ангелески
Извор: „Тавор“ бр. 3