Светиот Синод на ПЦА го одобри текстот за Службата по спонтано пометнување

"Светиот Синод на ПЦА го одобри текстот за Службата по спонтано пометнување"

Кон крајот на октомври, Светиот Синод на Православната Црква на Америка (ПЦА) ја завршил работата на есенскиот собор. Со Соборот претседавал Блажениот Архиепископ вашингтонски и Митрополит на американски и канадски, Тихон.

Меѓу другите одлуки донесени од американските јерарси било и усвојувањето на текстот на последованието по спонтано пометнување и мртвородено породување (за спонтано пометнување се смета пометнувањето што настанува по природен пат пред 20-та недела од бременоста, а мртвородено – по 20-та недела, заб. на прев.).

Службата е достапна на англиски јазик на официјалната веб-презентација на ПЦА во .pdf формат на следниот линк: A SERVICE OF PRAYER AFTER A MISCARRIAGE OR STILLBIRTH [53,8 KiB].

Извор: Православна Црква на Америка