На 07.04.2015 г, кога го празнуваме Благовестието на Пресветата Богородица, во храмот „Св. Благовештение“ во Прилеп, митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, во сослужение со митрополитите Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, и епископот Хераклејски г. Климент, заедно со свештенослужителите од истиот храм, отслужи божествена Литургија. На Литургијата беше објавено чудото со мироточението на иконата на св. Никодим Прилепски.
Извор: Преспанско-пелагониска епархија