Новинските агенции ширум светот известуваат за новиот наплив на насилство и закани од радикалниот ислам. Асирската новинска агенција јавува за ширењето на територијата на Исламската држава во северна Сирија. За само еден ден од влегувањето на радикалистите во градот Хасака, градот го напуштиле 2.000 христијански земејства. Ситуацијата наликува на онаа во Мосул во јуни 2014 година, кога за само неколку дена 50.000 христијани трајно се исселија од градот.
Истовремено, арапските медиуми јавуваат дека во источен Ерусалим се појавиле летоци со кои групата која себеси се нарекува „Исламска држава во Палестина“ им се заканува на христијаните во Ерусалим дека, доколку до 19 јуни (Рамазан Бајрам) не го напуштат градот, ќе бидат убиени. На летоците било испечатено и црното знаме со кое се поврзуваат терористите од Исламската држава.
Во Нигерија, пак, војниците на исламистичката група Боко Харам, која ѝ објави послушност на Исламската држава, ги киднапираат малите христијански девојчиња од областа Чибок, насилно ги исламизираат, за подоцна да започне нивната обука за изведување на самоубиствени напади и убивање христијани. До овој момент се киднапирани околу 200 девојчиња од христијански семејства. Според сведоците, оваа монструозна обука е во тек; дел од девојињата се поставуваат за „учителки“, и се соочуваат со казна од јавно камшикување доколку не можат наизуст да го рецитираат Куранот.
Извор: Асирска новинска агенција, Рејмонд Ибраим