Празникот на Полагањето на чесната риза на Пресвета Богородица (13 септември) беше торжествено прославен на Света Гора. Многубројни богослужби беа отслужени во сите светогорски манастири. Во Ватопед беше отслужено полноќно бдение, по кое следеше водосвет и литија околу манастирот. Со Божествената Литургија началствуваше Митрополитот Леонтополски г. Гавриил, во сослужение на Eпископот Борисовски Венјамин, Архиепископот Новогрудски и Лидиски Гуриј, ватопетскиот игумен архимандритот Ефрем, григоријатскиот игумен Христофор и мноштво јеромонаси.
На богослужбата присуствуваа бројни поклоници од Грција, Русија, Белорусија и други земји, кои имаа можност да се поклонат пред чесниот појас на Пресвета Богородица кој се чува во светогорскиот манастир Ватопед.
Извор: Romfea.gr