Светло Христово Воскресение. Пасха.

"Светло Христово Воскресение. Пасха."

На 02.05.2021 год., Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј, по извршената литија околу митрополитскиот соборен храм на Свети Никола, во Куманово, на полноќ го објави светлото Воскресение Христово и служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.