Царски Часови и Вечерна богослужба на Велики Петок

"Царски Часови и Вечерна богослужба на Велики Петок"

На 30.04.2021 год., Велики Петок, во митрополитскиот соборен храм на Свети Никола, во Куманово, Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Царски Часови и Вечерна богослужба со изнесување на Плаштаницата, на која е претставено Христовото Пречисто Тело во Гробот „кој се покажа посветол од секоја царска палата, Извор на нашето воскресение.“