За Светото Писмо (1)

"За Светото Писмо (1)"

25. Кога се напишани книгите кои го сочинуваат Светото писмо?

Светите книги се пишувани во различни времиња. Еден дел се напишани пред Рождеството Христово, а друг дел после него.

26. Како се поделени книгите во Светото писмо?

На два дела кои имаат посебни имиња. Светите книги кои се напишани пред Христовото Рождество се нарекуваат книги на Стариот завет, а оние кои се напишани после Христовото Рождество се нарекуваат книги на Новиот завет.

27. Што се тоа Стар и Нов завет?

Стариот и Новиот завет се, поинаку кажано, древниот и новиот сојуз на Бога со човекот.

28. Во што се состои сржта на Стариот завет?

Сржта на Стариот завет се состои во тоа што Бог ветил дека ќе им го даде на луѓето Спасителот и ги подготвувал за Негово примање.

29. Како ги подготвувал Бог луѓето за примање на Спасителот¬?

Бог ги подготвувал луѓето за примање на Спасителот преку откровение, пророштва и праслики.

30. Во што е содржината на Новиот завет?

Содржината на Новиот завет зборува за тоа дека Бог навистина им го дал на луѓето Божјиот Спасител, Единородниот Свој Син Исус Христос.

31. Од колку книги се состои Новиот завет и како се викаат тие книги?

Свети Кирил Ерусалимски, свети Атанасиј Велики и преподобен Јован Дамаскин како свети книги коишто го сочинуваат Стариот завет прифаќаат дваесет и две, соодветно на евреите (свети Атанасиј, 39-то празнично послание; преподобен Јован Дамаскин, Точно изложување на Православната вера, кн. 4, глава 17).

32. Пресметувањето на евреите е достојно за внимание затоа што, како што вели апостол Павле, ним им беа доверени Божји слова и новозаветната христијанска Црква ги прими Старозаветните свети книги од старозаветната еврејска Црква (Рим. 3, 2).

33. Старозаветните книги

Свети Кирил и свети Атанасиј ги набројуваат на следниот начин: 1. Книга Битие; 2. Излез; 3. Левит; 4. Броеви; 5. Повторени закони; 6. Книга на Исус Навин; 7. Книга на Судиите и припоената кон нив книга Рут; 8. Прва и втора книга Царства – како два дела на една книга; 9. Трета и четврта книга Царства; 10. Прва и втора книга Летописи (Паралипоменон); 11. Прва и втора книга Ездра, при што втората на грчки е наречена Неемија; 12. Естир; 13. Книга Јов; 14. Псалтир; 15. Приказни Соломонови; 16. Еклисијаст; 17. Песна над пасните; 18. Книга на пророкот Исаија; 19. Книга на пророкот Еремија; 20. Книга на пророкот Езекиј; 21. Книга на пророкот Даниил; 22. Книги на дванаесетте пророци.

34. Во тој попис на Старозаветните книги не е споменато за книгата Премудрост на Исус, синот Сирахов, и за некои други книги затоа што нив ги нема во Библијата на еврејски јазик.

35. Ние треба да ги прифаќаме тие последни книги. За нив Атанасиј Велики вели дека тие се назначени од светите отци за да бидат читани од членовите на Црквата.

36. Како се делат книгите на Стариот завет?

Според содржината Старозаветните книги можеме да ги разделиме на четири видови книги: 1) законски книги, кои ја сочинуваат главната основа на Стариот завет; 2) историски, кои првенствено ја содржат старозаветната историја на благочестието; учителски (поучни), кои го содржат учењето на благочестието; 4) пророчки, кои ги содржат пророштвата или претскажувањата за иднината, и особено за Исус Христос.

37. Кои Старозаветни книги се законски?

Законските книги се книгите напишани од пророкот Мојсеј и се пет на број: Битие, Излез, Левит, Броеви, Повторени закони. Самиот Исус Христос на тие книги им го дава општото име – Мојсеев закон (Лк. 24, 44).

38. Книгата Битие содржи опис за создавањето на светот и човекот, а исто така, ја содржи и историјата за востановувањето на благочестието во првите времиња од постоењето на човековиот род.

39. Другите четири книги на Мојсеј ја содржат историјата на благочестието во времето на пророкот Мојсеј и на, преку него, дадениот Божји закон.

40. Кои се историски книги на Стариот завет?

Историски книги на Стариот завет се книгите: Исус Навин, Судии, Рут, Царства, Паралипоменон, Ездра, Неемија и Естир.

41. Кои се поучни Старозаветни книги?

Поучни книги се: книгата Јов, потоа Псалтирот и Соломоновите книги.

42. Какво место зазема Псалтирот во Стариот завет?

Псалтирот, покрај тоа што содржи учење за благочестието, содржи и укажувања за неговата историја и многу пророштва за Христос Спасителот. Таа е превосходно раководство кон молитва, прославување на Бога и затоа постојано се употребува во црковното богослужење.

43. Кои Старозаветни книги се пророчки?

Пророчки книги се книгите на пророците: Исаија, Еремија, Езекиљ, Даниил и книгите на дванаесетте мали пророци.