На 24.11.2020 година, кога Црквата го слави споменот на светиот великомаченик Мина, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Литургија во храмот на свети Мина во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.











