На 19.12.2020 г., во соборниот храм Свети Никола, во Куманово, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Литургија за храмовата слава – празникот на свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликијски. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.








